Крадењето на струја бренд марк на Заев, сега од ГТЦ, а порано од Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на случај од минатото во кој одговарал таткото на премеирот.
Власта треба да одговори од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ? Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати? Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност и над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно? Дали последната година за струја за битмајнерите во ГТЦ е платено над 240.000 евра и кој ги платил тие пари? Дали овие пари ги платиле сите дуќанџии во ГТЦ, со поголеми сметки и кој ќе ги обештети, ако е така, прашуваат од опозициската партија.
Оттаму велат дека ако е трошена претпоставената количина на струја, се доаѓа до сума од 1 милион евра струја која ја платил некој друг додека функционерите од власта копале биткоини.
Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














