Новоизбраниот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцунски денеска во изјава за медиумите посочи што е планирано во однос на депонијата во Долно Лисиче, пред мостот на Вардар.
-Уште првиот ден ние почнавме со процес на мапирање на диви депонии, инспекциските служби се на терен. Оваа дива депонија е меѓу тие каде што е утврдено дека постои безбедносен и еколошки ризик. Дефинитивно ќе бидат отстранети сите негативни појави од дивите депонии и уште позначајно е инспекциските служби да бидат присутни на терен. За жал во последните четири години, сите гледале што се случувало и се одмолчувале. Се дозволувало да се создаваат нови диви депони што за мене е страшен феномен. Значи локалните власти свесно дозволувале масовно загадување во општина Аеродром, рече Муцунски.
Тој посочи дека од прв ден од неговиот мандат екипите се на терен, се санкционираат сите кои работат спротивно на законот, мапирани се депониите и веќе се работи на отстранување и систематско решавање на проблемот со загадувањето.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











