Продолжуваат тензиите во Кочани, каде екипата на Инфомакс вербално беше нападната во ромското маало, каде што се обидуваа да снимаат партиски штаб, кој беше отворен за време на изборниот молк и каде, како што изјави и едно од лицата кои беа присутни таму, се правеле списоци.
Новинарите беа вербално нападнати, по што им беше блокиран патот со автомобил и не им дозволуваа да заминат.
Нoвинарите, заедно со Христијан Мицкоски и пратеникот Миле Лефков заминаа во полициска станица да го пријават настанот. Од страна на полициските службеници, во исто време со пријавителите, беа повикани и лицата затекнати во партискиот штаб кои веднаш се појавија пред полициската станица и продолжија со заканите кон Лефков, Мицкоски и новинарите од Инфомакс.
Присутните упатуваа навредливи зборови и им се закануваа на пријавителите и им повторуваа дека немаат никакво право да снимаат.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















