Во Вевчани ќе се отвори фабрика за производство на медицински канабис, масло од канабис и други производи, информираше денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.
Станува збор за повеќе милионска инвестиција во ова модерно производство. Повеќе месечните преговори и одличните понудени услови од страна на општина Вевчани кон инвеститорите вродија со плод. Во текот на вчерашниот ден имавме средба на која си подадовме рака со управителот и сопственик на фирмата “ФЛАУЕР ПАУЕР” ДОО Вевчани, господинот Matthieu van der Born, информира Јанкоски.
Со отворањето на фабриката се отвораат и 50- тина нови добро платени работни места, со што ќе се реши егзистенцијата на исто толкав број вевчанци. За 20-тина дена треба да почнат првите вработувања и поставување на опремата, додава Јанкоски.
Фабриката за производство на медицински канабис, масло и други производиод канабис ќе биде сместена во веќе постоечки објект на влезот од Вевчани, за што бил склучен договор со сопственикот.













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)












![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-100x70.jpg)

