Тетово деновиве е во фокусот на јавноста поради наглиот раст на новозаболени од коронавирус, а видеото кое го објави „Дојче веле“ ја покажува борбата за живот во тетовската болница.
Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери, пренесува „Дојче Веле“.
Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата која изминативе недели ги живее најдраматични денови од почетокот на пандемијата. Напливот на пациенти е огромен, а билтените секојдневно информираат за нови починати.
Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Истовремено, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37 отсто опфат на лица над 18 години.
Погледнете го видеото на следниот ЛИНК.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















