Се нуди хонорар од 45.000 денари поради слабиот интерес за попишувачи

789

Слаб е интересот за пријавување на реонски попишувачи. Рокот за пријавување на огласот е продолжен до 25 август а хонорарот за теренската активност се зголемува на 45.000 денари. Владата не отстапува, пописот мора да се спроведе во септември.

Заводот за статистика го продолжи рокот за пријавување на инструктори и реонски попишувачи. Се дава уште една шанса со зголемен хонорар до 45 000 денари. Најмал е интересот за скопксите општини.

Пописот мора да се споведе, дециден е премиерот Заев.

Од државниот завод за статистика уверуваат дека најголемата статистичка операција ќе се врши по сите протоколи и нема простор од страв и паника поради состојбата. Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите. Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.