Сопственикот на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович купил нова јахта. 54 годишниот тајкун поседува своја сопствена флота на јахти, а фотографиите и снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат новиот додаток во колекцијата.
Абрамович неодамна во својот тим од Интер го донесе белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку за речиси 100 милиони фунти, а неодамна издвои и 430 милиони фунти за новата суперјахта, што е повеќе од 504 милиони евра.
Станува збор за јахтата Соларис со два напредни електрични мотори, а се верува и дека станува збор за најсилната јахта на светот.

Ентериерот е исто така врвен, јахтата е долга 140 метри и поседува 48 кабини, базен, џакузи, спа и уште многу други работи. Гостите имаат на располагање осум палуби вклучувајќи ја и онаа која има хелиодром.
Иако е импресивна, ова не е најскапата и најголемата јахта на Абрамович. Таа титула ѝ припаѓа на јахтата Еклипс која е долга 160 метри која во 2012 година ја купи за милијарда фунти.





![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

