Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку објава на социјалната мрежа Фејсбук апелираше лицата кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат.
Објавата ви ја пренесуваме во целост:
„На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во МК да имаат негативен тест или да се вакцинирани.
#НЕ ме послушавте.
На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518.
На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен. “Настинката” не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време.
Знам дека #НЕМА да ме послушате !!!!“.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















