Преку Фејсбук терале малолетничка да се фотографира и да се снима гола.
Десет лица се упасени во продолжението на акцијата „Армагедон“ поради сомневање дека сториле кривични дела прикажување, набавување и поседување порнографски материјали, како и искористување на малолетно лице за порнографија!
Според МВР Србија се уапсени Т.Г. (1957) од Бор, Е.С. (1992) од Тутин, М.Р. (1993) од Нишка Бања, С.С. (1993) од Врање, Б.М. (1952) од Свилајнац, Д.Б. (1970) од Шабац, како и М.Ф. (1970) од Смедерево, Р.Ж. (1959) од Бечеј, Д. М. (1961) од Ужце и З.Ѓ. (1965) од Аранѓеловац, додека кривична пријава доби и 57-годишен маж од Лозница.
Постои сомнение дека преку кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук тие контактирале со малолетничка и побарале од неа да се фотографира и снима гола, а потоа да им ги проследи фотографиите и снимките.
Осомничените се обвинети дека на малолетничката í испраќале фотографии и видеа со порнографска содржина и со неа договарале состанок со намера да имаат сексуални односи.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, и со кривичната пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



