Дневен хороскоп за петок (9. јули 2021)

1145

ОВЕН

Работа: Верувате во себе и во своите способности и знаете дека може да истуркате далеку. Судбината ќе ви биде наклонета.

Љубов: Можно е некои работи да испливале на површина. Околу саканата личност слушате сешто.

Здравје: Одморајте.


БИК

Работа: Дошло време за промени кога е во прашање работата. Ве очекуваат доста нови пресврти.

Љубов: Ве очекуваат позитивни случувања во односот со партнерот. Вашата врска би можела да се стабилизира.

Здравје: Добро се чувствувате во својата кожа.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Нервозни сте и тоа се одразува и на работните одлуки кои ги носите. Избегнувајте брзоплетост.

Љубов: Доколку сте слободни, денеска ви следи ново познанство кое ќе ви биде значајно.

Здравје: Хронични проблеми ве следат.


РАК

Работа: Време е да се завземете за своите принципи и ставови на работното поле. Немојте да се откажете од борбата.

Љубов: Ако ги признаете своите искрени чувсства кон партнерот, ќе ви биде возвратено.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.


ЛАВ

Работа: Ќе има нови проблеми на вашата работа. Во текот на денешниот ден ќе ви требаат доста нерви за се да се изборите.

Љубов: Успешно ќе ги надминете конфликтите во односот со партнерот. Наоѓате компромис.

Здравје: Водете сметка околу стомакот.


ДЕВИЦА

Работа: Нова соработка ве очекува многу наскоро. Ќе бидете задоволни поради новите понуди.

Љубов: Ако веќе имате партнер, сакате да воведете некои иновации во вашата врска. Подготвени сте за експерименти.

Здравје: Внимавајте на здравјето.


ВАГА

Работа: Доста работи не ви тргнале според планот кога е во прашање работата, па поради тоа чувствувате доза на незадоволство.

Љубов: Ве очекува интересно познанство кое наскоро може да носи до нова врска.

Здравје: Тегоби со грлото.


ШКОРПИЈА

Работа: Пред вас е период во кој судбината ќе биде на ваша страна. Работните проблеми ќе може да ги решите лесно.

Љубов: Ќе бидете среќни, задоволни и исполнети крај личноста која ви значи.

Здравје: Внимавајте со храната.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Важно е сите информации кои ги добивате на полето работа, добро да ги анализирате.

Љубов: Сте се вљубиле и подготвени сте на ова поле да поттикнете нови одлуки за да најдете среќа со личноста која ви значи.

Здравје: Водете сметка околу очите.


ЈАРЕЦ

Работа: Очекувајте дека ќе добиете прилика да реализирате идеи на кои долго време работите.

Љубов: Ве чека шанса да влезете во нова љубовна врска која ќе се одвива на далечина.

Здравје: Наклонетост кон депресија.


ВОДОЛИЈА

Работа: Пробајте да се посветите на работата и обврските и да не мислите на работи кои ви ја нарушуваат концентрацијата.

Љубов: Интересно познанство ви доаѓа наскоро. Може да очекувате поволен ден.

Здравје: Добро се чувствувате.


РИБИ

Работа: Во следниот период ве очекуваат некои отежнувања кога е во прашање вашето поле на работа.

Љубов: Пред вас е период во кој односот помеѓу вас и саканата личност може да биде тежок и комплициран.

Здравје: Внесувајте повеќе вода.