Бред Пит доби заедничко старателство над децата со Анџелина Џоли

580

Холивудскиот актер Бред Пит добил право на заедничко старателство над децата кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Пит успеал да добие заедничко старателство над децата по долгата правна битка. Џоли ги предала документите за развод во 2016 година и оттогаш трае битката за старателство. За овој случај бил најмен приватниот судија Џон Одеркирк кој пресудил во корист на актерот.

Со одлуката на судијата, Бред Пит ќе добие значајно повеќе време со децата.

57-годишниот актер и 45-годишната актерка се родители на 6 деца, а тоа се 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Најстариот, Медокс, сега има 19 години и не е предмет на одлуката за старателство.

Самиот судски процес траел неколку месеци, а вклучувал многу сведоци, експерти и терапевти. Џоли го критикувала судијата кој не ѝ дозволил децата да сведочат. Таа не се противела на заедничкото старателство, но навела „други проблеми“ поради кои ќе продолжи правната битка.

Кога ги предала документите за развод од Пит, Анџелина како причина ги навела „непомирливите разлики“. Пит беше под истрага поради наводно злоставување на децата бидејќи губел контрола во нивно присуство, но бил ослободен од таквите обвиненија.