Дисингер го напушта Вардар и се сели во Романија!

575

Македонскиот ракометен шампион Вардар за следната сезона нема да може да смета на услугите на Кристијан Дисингер, затоа што германскиот ракометар се сели во Романија, односно ќе го носи дресто на Динамо Букурешт.

Двете страни веќе постигнале договор и 29-годишниот бек потпиша соработка на две сезони и ќе биде големо засилување за амбициите на романскиот шампион. Со преселбата во Динамо, Дисингер ќе стане првиот германски репрезентативец во романската ракометна елита.

Германскиот бек во новата средина заминува по трите успешни сезони како член на Вардар, клуб со кој освои две домашни титули и во Келн го подигна трофејот од Лигата на шампионите.

За Германија има 19 настапи, со 42 постигнати голови, а на репрезентативен план има златен медал на Европското првенство во 2016 година и бронза на Летните Олимписки Игри во Рио. Покрај Дисингер, ново засилување на Динамо Букурешт се очекува да биде и францускиот ас Седрик Сораиндо.