Слави Трифонов мора да оди да го земе мандатот и да објасни зошто не може да управува со 165 пратеници. Ова го изјави во живо на Фејсбук бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов, коментирајќи го предлогот на „Има таков народ” за премиер, јави дописникот на МИА од Софија.
Никој не ја оспорува титулата во шах, но тука станува збор за спортски менаџмент и политика рече Борисов, осврнувајќи се на предлогот на Трифонов за премиер – Антоанета Стефанова.
Според Борисов, Стефанова го нема потребниот авторитет.
Целата моја почит кон Антоанета Стефанова, но ако стане премиер, таа ќе оди да го праша пратеникот Слави Трифонов за се. Тие не го сакаа тоа. Ова е голем страв.
Интересно беше да се видат нивните експерти и министри. Со Стефанова ќе треба да разговараме само за шахот “, наведе премиерот на Бугарија во оставка.
Борисов коментира дека вкупно над 200 милиони лева ќе бидат потрошени на избори. Наместо овие пари да влезат во економијата и да создадат производ, ќе бараме некој да освои мнозинство.
Бојко Борисов го нарече Слави Трифонов политички плашливец. „Кукавица е оној кој со 165 пратеници вели дека не му се доволни и сака 240″.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











