Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата за февруари месец, според кои просечната плата изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани.
Според статистичките податоци порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа:Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен
(7.5 %). Сепак што покажуваат податоците во однос на тоа кој ја има највисоката просечна плата по сектори. И без многу изненадувања со 70.942 денари просечна плата за февруари убедливо на врвот се информатичарите и консултантите.
По информатичарите со највисоки просечни плати во земјава од 40.000 до 50.000 се уште неколку професии.
компјутерско програмирање, консултантски услуги 70.942 денари, фармацевтска индустрија 46.720 денари, снабдување со електрична енергија и гас 41.443 денари, воздухопловен транспорт 43.372 денари, телекомуникации 41.742 денари, финансиско услужни дејност 45.140 денари, стручни научни и технички дејности 55.895 денари.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



