Педофил фатен додека чекал 12-годишно девојче! Погледнете што се случило кога на врата не му тропнало детето

907

Британската организација “Чувари на северот и мрачната правда” го фатила педофилот Пол Мекманус откако го намамиле така што се преправале дека се 12-годишно девојче кое требало да дојде кај него.

Британскиот весник “Daily Mail” објавил снимка на која се гледа како активисти на организацијата “Чувари на северот и мрачната правда”, го фаќаат британскиот педофил Пол Мекманус, кој верувал дека на вратата ќе му тропне 12-годишно девојче, со оглед на тоа дека со неа наводно договорил секс.

Мекманус не можел ни да сонува дека со месеци наназад пораки му праќале активисти, а не дете кое тој го убедувал да му праќа фотографии од своето голо тело и гениталии, а потоа инсистирал да дојде кај него за да имаат сексуални односи. Тој на девојчето му нудел и пари во замена за секс.

Поради тоа доживеал шок кога ја отворил вратата на својот дом во англиски Салфорд, со оглед на тоа дека, наместо девојче, забележал неколку мажи, од кои едниот носел камера и ја снимал реакцијата на педофилот. Неговото изненадување било толкаво што во еден момент само паднал, изгубил свест, за на крајот да побара помош од лекар.

Набрзо било откриено дека не му е ништо, па припадниците на организацијата за “лов на педофили” веднаш го спровеле во полициска станица.

Мекманус, како што пренесува “Daily Mail”, бил осуден по брза постапка на 13 месеци затвор. Многумина изразиле незадоволство поради малата казна, меѓутоа, било образложено дека не постојат докази дека тој од претходно општел со малолетници.

“Неговата преписка со наводната жртва почна преку Фејсбук, а набрзо прерасна во сериозна комуникација преку телефон. Со месеци се обидувавме да го намамиме и на крајот успеавме”, рекла од организацијата.