Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не се снаоѓа најдобро во Мајорка, па тоа е причина да се шпекулира дека наскоро ќе го напушти клубот.
Според италијански „Secolo XIX“, голгетерот е подготвен да прифати понуда од Италија. Екипата на Џенова, каде подолг период игра Горан Пандев, наводно е заинтересирана за нашиот интернационалец.
28-годишникот е интересен за тимот од „Луиџи Ферарис“ кој бара нова офанзивна опција за наредната сезона. Играњето на италијанско тло нема да е новост за македонскиот напаѓач, кој во минатото четири години го носеше дресот на Палермо.
Неговата кариера започна во Цементарница, потоа продолжи во Хрватска и Белгија, за најдолго да се задржи на Сицилија.
Трајковски одигра 27 меча во изминатите две сезони за Мајорка, а постигна само еден погодок во Купот на Кралот.














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















