Извршниот директор на Pfizer Алберт Бурла изјави дека на луѓето најверојатно ќе им треба трета доза вакцина против COVID-19 во рок од 12 месеци по примањето на втората доза.

Тој додаде дека е можно луѓето да се вакцинираат против коронавирус секоја година.
„Допрва треба да видиме колку често треба да се вакцинираме. Најверојатно е дека ќе ни треба и трета доза, некаде помеѓу 6 и 12 месеци, а потоа ќе се врши годишна ревакцинација. Но сето ова допрва треба да се истражи и потврди“, изјави Бурла за CNBC.
Извршниот директор на Johnson & Johnson исто така изјави дека луѓето можеби ќе треба да се вакцинираат против COVID-19 секоја година.
Научниците сè уште не се сигурни колку долго штитат вакциите. Тие сметаат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди дали заштитата трае и по тие шест месеци.
Pfizer објави дека нивната вакцина е повеќе од 91 отсто ефикасна во заштитата против коронавирус и 95 осто ефикасна против развивање на тешка форма на болеста во рок од шест месеци по примањето на втората доза.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















