Три кули, 15, 20 и 25 катни. 400 апартмани каде можат да домуваат 1200 станари. Другиот дел ќе биде со канцеларии и бизниси. Ова е планот за градбите спроти ГТЦ кого го презентираа архитектите и управникот на компанијата МГ Фешн.
Ќе се реализира во 3 фази. Бруто површината изнесува 200 илјади метри квадратни. 6520 метри квадратни зеленило, невклучувајќи го тука и зеленилото на балконите.
Иако овде ќе можат да живеат 1200 станари, училиште и градинка не се предвидени. Нив може да ги отвори некој приватно, во деловните простори, рече архитектот на проектот и управител на МГ Фешн.
Не знаат колку ќе чини еден стан, но велат дека трите кули ќе се поврзат со просторите предвидени за бизниси и канцеларии. Ќе има 1000 паркинг места.
На прашањето во врска со изјавата на градоначалникот на Центар, дека во Министерството за транспорт и врски испратил елаборат за суспендирање, како и за постапката што ја започна Антикорупциска за планот, управителот на МГ Фешн не сакаше да коментира.
Прашани за реакциите на граѓаните и петициите, архитектите на проектот рекоа дека потписите се против висококатниците а додаваат дека големината на објектите е помала од она што го дозволува ДУП.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















