Наташа Беквалац, која веќе неколку месеци е во центарот на медиумското внимание поради разводот со третиот сопруг по ред, Лука Лазукиќ, кого го обвини за семејно насилство, изгледа подобро од било кога! Причина за тоа е новиот начин на исхрана кој го практикува, односно веганството.
“Никогаш не сум била голем љубител на месото, па поради тоа овој нов начин на исхрана и не ми претставува некој голем проблем. Веган сум веќе неколку месеци и на почетокот имав кризи само за слатки, но таа потреба за благо веќе ми е надмината и супер се носам со овој предизвик”, вели Беквалац.
На сличен режим е и нејзината ќерка Хана која ја има од бракот со Данило Икодиновиќ.
“Хана е воодушевена од храната која и ја спремам и ненамерно и таа премина во вегани заедно со мене. Секој ден готвам и ми годи времето поминато во кујна. Сепак, ова е привремено, не планирам доживотно да се откажам од консумирање на месо и млечни производи”, додала новосадската барбика која наскоро ќе ги изненади фановите со нов сингл и видео.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












