Голема полициска акција утринава во Грчец и Гази Баба уапсени се 21 лице за трговија со дрога.
Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал, а акцијата е предводена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со министерството за внатрешни работи.
Пред Министерството за внатршени работи е Михаил Милошевски .
Приведени се 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази баба, Чаир и Синѓелиќ.
Извори од истрагата посочуваат дека уапсените се веќе во полициска станица по што ќе бидат предадени на надлежен обвинител и изнесени пред суд.
Акцијата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР, е за апсење организирана криминална група за трговија со дрога.
Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















