Го освои светот со својот глас и убавина, но во последно време пејачката изгледа непрепознатливо

985

Американската пејачка во последните година дена изгледа навистина поинаку – освен вишокот килограми, причина за тоа се воглавно лошите естетски корекции и непотребните пластични операции, пишуваат странските медиуми.

35-годишната Лана Дел Реј не може да биде посреќна кога станува збор за љубовта бидејќи во декември минатата година се вери со пејачот и гитарист, Клејтон Џонсон.

Сепак, многумина забележале дека нејзиниот имиџ многу се промени, а нејзините фанови се загрижени. Лана неодамна била забележана во прошетка низ квартот Бел Ер во Лос Анџелес, а изгледа потполно непрепознатливо.

Пејачката која ретко се појавува во јавноста, била облечена во бела маица и фармерки кои ги нагласиле вишокот килограми, а кога ја тргнала маската за да поразговара со фановите кои ѝ пришле, Лана го покажала и лицето кое изгледа поразлично од претходно. Странските медиуми претходно пишуваа дека ова е резултат на лошите козметички зафати како вбризгување на ботокс.

А еве како претходно изгледаше Лана Дел Реј: