Откажувањето на вонреден конгрес на иницијативата Мериот за ВМРО-ДПМНЕ е уште една пропадната инвестиција на Зоран Заев. Во кусото партиско соопштение опозициската партија наведува дека ова е најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави, но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев.
ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Уште еден пораз за тоа да се инсталира контролирана опозиција. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите. Македонската пролет доаѓа, стои во кусото соопштение.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















