По денешното приведување и распитот на бизнисменот Орце Камчев, тој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“, потврдуваат судските извори.
Притворот на Камчев му е одреден во траење од 30 дена за случајот „Плацевите на Водно“, откако истиот претходно бил побаран од обвинителката Лиле Стефановa, пренесува „Фокус“.
Истиот случај за кој што на Камчев му е одреден притвор беше отворен од страна на СЈО, односно од обвинителката Лиле Стефановa.
Освен Камчев за случајот се осомничени и Никола Груевски, поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков, Ратка Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















