Двајца припадници на специјалната единица „Тигар“ на Министерството за
внатрешни работи на Република Македонија се новите национални херои на
Македонците, сугерираат реакциите на социјалните мрежи.
Одбранувајќи го натписот „Македонија“ на англиски јазик на својата униформа,
наспроти бришењето на името на македонската држава од грбот на елитната
полициска единица, В. Л ги освои симпатиите на сонародниците, кои му се поклонуваат на патриотизмот и на храброста.
На социјалните мрежи се појави и исечок од видео што покажува дека примерот на
В.Л го следела и неговата колешка Александра.

Од Единица за специјални задачи, најдоброто од МВР стана Специјална
антитерористичка единица, а „Република Македонија“ исчезна од новиот амблем, кој
со огромни димензии ги надвисуваше говорниците на денешното одбележување
четири децении од нејзиното формирање.
експрес.мк















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















