На денешниот колегиум на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е донесена одлука да се соберат податоци за набавката со кинеските вакцини против ковид-19 и доколку има елементи да се отвори предмет.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за Радио Слободна Европа, вели дека за овој случај треба да се вклучат и други органи како Јавното обвинителство.
„Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација“, вели Ивановска.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















