Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата, вели за ДВ директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова.
Ковид-19 се почесто предизвикува здравствени проблеми и кај децата. Иако првично се мислеше дека тие полесно го пребродуваат вирусот, искуството на медициските лица коишто се во првите редови во борбата со Ковид-19, покажува дека вирусот може да предизвика сериозни оштетувања на одредени органи кај најмладите. Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека само за два месеци со соочиле со пост-ковид компликации кај 42 деца коишто го прележале вирусот.
„Децата реагираат на ковид на најразлични начини. На почетокот сметавме дека вирусот е безопасен за нив, но се повеќе гледаме дека тој може да направи огромна штета на одредени органи во детското тело. Тие немаат можеби симптоми како возрасните – висока температура и кашлица, но кај децата се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни“, вели директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за ДВ.
Голем дел од децата се асимптоматски за време на вирусот, но тоа не значи дека Ковид-19 не остава последици врз нивното здравје. Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето. „Последиците допрва ќе се откриваат“, вели Софијанова.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











