Се подговуваат многу лесно, а на нивниот вкус нема да може да му одолеете.
Една од најздравите намирници на светот сигурно е компирот затоа што може да го подготвите на многу начини.
Голема предност е тоа што се подготвува многу брзо, а тоа веројатно е така затоа што има многу лесни и едноставни рецепти за негова подготовка.
Трикот е во додавањето лукче и мелена пиперка, а крцкавите компирчиња може да ви послужат и како додаток со било кое месо.
Состојки:
– 600 грама компир;
– масло за јадење;
– сув зачин или пак сол;
– лукче;
– 1 лажица црвена мелена пиперка;
– малку оригано.

Подготовка:
Излупете го компирот па исечете го на коцки и варете го 10-12 минути. Исцедете го, па во него додадете малку масло за јадење, мелената пиперка, ориганото, зачините, лукчето и сето тоа измешајте го убаво.
Загрејте масло за јадење во тава, па компирите ставете ги во врелото масло и пропржете ги со лесно мешање додека не заруменат и не станат крцкави – тогаш се најслатки.
Можете да ги сервирате и како прилог на некое месо.
Пријатно јадење!






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















