Бугарија како членка на ЕУ продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и не се точни и крајно се неосновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ запирајќи го влезот на Северна Македонија од патот кон членство во ЕУ. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа рече дека пред три години по крајот на бугарското претседателство со ЕУ, претседателствата по нив се чувствувале должни да го продолжат тој приоритет и тоа се претвора и во нивен приоритет.
-Колегите од Австрија, Хрватска, Романија, Португалија и Германија, а сега и Словенија, објави дека ќе се занимава со темата, вклучително и Чешка, којашто е по 18 месеци ротациски претседавач. Не сме среќни што требаше да кажеме „не“, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму, рече Захариева.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















