Владата денеска ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Северна Македонија.
Од Владата најавуваат дека Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















