Репрезентативецот на Македонија до 19 години и член на ГФК Охрид, Славе Маркоски се наоѓа пред реализација на супер трансфер во Динамо Загреб.
Фудбалерот на охриѓани веќе десетина дена e во тернинг кампот на вториот тим на Динамо Загреб во Пореч каде се наоѓа на пробен период.
Маркоски беше дел од меѓусебните натпревари на Динамо Загреб 2 кои беа одиграни во Пореч и остави одличен впечаток одигрувајќи две средби од по 25 минути без грешка.
Според информациите кои доаѓаат од Хрватска, стручниот штаб на Динамо Загреб 2 на чело со Иван Прелец биле задоволни од тоа што го виделе од Маркоски, па нема да чуди доколку во следниот период му биде понуден и договор.
Инаку, Славе Маркоски е редовен репрезентативец на Македонија до 19 години, а во првата полусезона беше избран и во најдобриот тим во вторите лиги во Македонија.
Во моментов од македонските прволигаши за него се интересираат Работнички, Ренова и Струга Трим и Лум кои го исчекуваат исходот од неговиот пробен период во хрватскиот и балкански гигант, Динамо Загреб.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)
























