Богатството за некои е најважната цел во животот, за некои тоа е можност да се фалат и бидат во центар на внимание…
Денес ќе ви ги претставиме петте најбогати жени на светот, според процената на „Форбс“. Тие не изгледаат онака како што можеби сте помислите – накитени со дијаманти и со скапоцена облека.
Ова е листата на петте најбогати жени:
Со своите 54.4 милијарди, на колку што се проценува нејзиното богатство, Алис Волтон е најбогатата жена на светот. Таа е деловна жена која што значајно го подигнала успехот на компанијата „Walmart“ каде што е косопственик. На нејзиното лице нема да видите ботокс ниту пак други козметички зафати, таа гордо ја носи и својата седа коса.

Кога ќе ја погледнете оваа жена, дали некогаш би помислиле дека нејзиното богатство е вредно 48.9 милијарди долари? Таа во бизнис водите влегла откако нејзината мајка починала, наследувајќи 33 отсто од семејната компанија „L’Oréal“.

Оваа 57-годишна жена запловела во светот на бизнисот откако нејзиниот сопруг починал, а од кој наследила компанија за нафта. Нејзиното богатство се проценува на 38.2 милијарди долари. Откако нејзиниот сопруг починал од рак, Џулија се посветила на хуманитарната работа и со донации за истражување во полето на медицината.

Поранешната сопруга на Џеф Безос, основач на „Амазон“, по разводот добила 25 отсто од вкупниот имот и моментално се пласира на листата на најбогати жени на светот со богатство кое се проценува на 36 милијарди долари. Макензи е многу млада за разлика од останатите жени на оваа листа, но без оглед на годините исто така е позната по својот природен изглед.

Џеклин (81) и нејзиниот брат Џон наследиле од своите родители по 35 милијарди долари од семејната компанија која што се занимава со производство на храна за домашни миленичиња, како и складишта. До денеска сите ја знаат како добродушна, пријатна и симпатична жена по чие однесување и изглед тешко би откриле дека „спие“ на милијарди.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












