Астрономите кои што стојат зад досега најопширното истражување за вонземјански живот, ја истражуваат интригантната емисија на радиобранови која што очигледно дошла од насока на Проксима Кентаур, ѕвездата која што е најблиска до нашето Сонце.
Радиобрановите во текот на 30 часа биле под надзор на телескопот „Parkes“ во Австралија, во месец април и мај минатата година.
Анализата на брановите трае веќе некое време, а научниците сè уште не го идентификувале „виновникот“ за тоа, на пример некој сателит кој што поминувал покрај планетата Земја или кон неа.
Не е необично астрономите од телескопот „Parkes“ кој што е во состав на проектот „Breakthrough Listen“, вреден 100 милиони долари, да воочат необични радиобранови, но сето тоа досега се препишувало на човечкото делување или пак природни попречувања, пренесува хрватски „Jutarnji list“.

И овој најнов сигнал можеби ќе биде секојдневно објаснување, но насоката на радиобранот и привидното поместување на неговата фреквенција за која што е потврдено дека е во склад со движењето на планетата, на ова откритие му даваат доза мистерија.
Радиобранот доаѓа од ѕвездата Проксим Кентаур, која што е црвена џуџеста ѕвезда оддалечена 4.2 светлосни години од Земјата, а истиот не е повторно воочен од почетокот на неговото набљудување.
„Тоа е првиот сериозен кандидат за ‘WOW’ сигнал“, изјавил кратко астронаутот, пренесува „The Guardian“.
Инаку, ‘WOW’ сигналот откриен е во 1977 година. Тоа бил краткотраен радио-сигнал откриен од опсерваторијата во Охајо кој што е во потрага по вонземјанска интелигенција.
Необичниот сигнал го добил своето име откако астрономот Џери Еман напишал ‘WOW’ покрај податоците кои што ги објавил.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















