“Жените кои имаат кратка фризура и постојано носат панталони имале потешкотии во прифаќањето на својот пол”. Овој скандалозен заклучок е дел од содржината на учебник за високо образование, а за што алармира Коалицијата Маргини.
Коалиција Маргини и Мрежа за заштита од дискриминација информираат дека ја поднеле првата тужба против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
Тужбата е за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологијата 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, кој се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при УКИМ.
Според Маргини, вознемирувачките содржини вклучуваат: обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременоста и квалификувањето на истополовите партнерства како забеганост.
Оттаму бараат оваа содржина да биде отстранета и заменета со современа и научно-заснована содржина, велат од Маргини.
-По неколку обиди да го привлечеме вниманието на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Филозофскиот Факултет и на авторите на спорните учебници кои се дел од наставната програма на оваа единица, и да побараме повлекување на спорните содржини, наидовме на отпор и игнорирање на нашите барања. Дополнително, споменатиот автор на учебникот е веќе професор во пензија, но неговите спорни учебници сѐ уште се користат во наставата на овој факултет, велат од Маргини.

![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)

![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)

![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)