Пол Гаскоњ го сподели своето искуство со Диего Марадона, Англичанецот раскажа како двајцата малку пијани се појавиле на пријателски натпревар помеѓу Севиља и Лацио.
По смртна на Диего Марадона, од сите страни на светот пристигнуваат пораки, а многу поранешни фудбалери споделија приказни и искуства со легендарниот Аргентинец.
Пол Гаскоњ реши да раскаже за средбата со Диего Марадона во 1992, кога Севиља и Лацио играле пријателски натпревар.
„Во авионот испив неколку пијачки, па кога го видев во тунелот пред да излеземе на терен, му реков „Диего, малку сум пијан“. Ме погледна и ми рече, „Не се секирај Газа, и јас сум малку пијан““ – открива Англичанецот.
„На мечот, издриблав четворица, дадов гол и му реков на Марадона, „Ајде да те видам ако можеш подобро“. Но погрешив, тој потоа беше неверојатен, права фудбалска магија. Каков играч“.
„Моја икона е Брајан Робсон, но Диего беше феноменален фудбалер“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























