Поранешниот адвокат на претседателот на САД, Мајкл Коен, ја признал вината за кршење на правилата за финансирање на изборна кампања и за други обвиненија и изјавил дека шефот на Белата куќа, Доналд Трамп и тој организирале исплата на пари на порно-актерка и манекенка за да влијаат на резултатот на изборите.
Речиси истовремено со признавањето на вината на Коен, судот во Вирџинија го осудил и поранешниот шеф на претседателската кампања на Трамп, Пол Манафорт за осум финансиски кривични дела, во првиот судски процес кој е резултат на истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер, за мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016. година.

Коен постигнал договор со федералните обвинители и ја признал вината за осум кривични дела, меѓу кои затајување на данок и давање на лажни изјави на финансиски институции. Би можел да добие четири до пет години затвор, а казната ќе му биде изречена на 12. декември.
Коен не ги именувал двете жени на кои им биле исплатени пари да молчат за односот со Трамп, а не го именувал ни самиот претседател на САД, туку наместо тоа рекол дека работел со “неименуван кандидат”. Меѓутоа, исплатените износи и датуми се поклопуваат со исплатите на порно-актерката Сторми Даниелс и Плејбој манекенката Карен Мекдугал.

Поранешниот адвокат на Трамп навел дека првата исплата била во координација и по наредба на кандидатот за федералната функција, а дека втората исплата била по наредба на истиот кандидат.
Додека американските телевизиски станици паралелно ги пренесувале судските процеси, Трамп заминал на собир во Западна Вирџинија и ги игнорирал прашањата за Коен и Манафорт.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











