Веста на руските медиуми за нападот на терористичките кампови во Сирија во кои се обучуваат терористи кои војуваат на Кавказот го привлекоа вниманието на тамошната јавност.
Руските медиуми пренесуваат дека неодамна била извршена операција во која руските авиони уништиле логори во кои турски инструктори обучиле стотина милитанти, претежно радикални исламисти, кои потоа биле испраќани да војуваат во Либан и Нагорно-Карабах.
Два „Су-34“ и два „Су-24М“ борбени авиони нападнале седум објекти, вклучувајќи командно место, касарна и магацини. Како што пренесуваат руските медиуми, акцијата за уништување на камповите во Идлиб започнала откако пристигнале информации дека на Кавказот се испраќаат сириски милитанти.
Да потсетиме, француските власти неодамна обвинија дека во конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах, на страната на Азербејџан војуваат радикални џихадисти кои ги плаќа Турција.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











