Пејачката Емина Јаховиќ пред неколку дена ја промовираше својата линија за козметика. По тој повод, таа рече дека нејзиното семејство е најголема поддршка во новиот потфат и започнување бизнис што нема многу врска со нејзината професионална кариера како пејачка. Таа работеше на овој проект неколку години.
По тој повод, таа рече дека нејзиниот поранешен сопруг и посакал сè најдобро, и дека тој е голема поддршка во овој бизнис.

Гостувајќи во емисијата на Сања Маринковиќ, таа откри и еден детал од нивниот брак.
Имено, Мустафа е познат пејач во Турција, но се чини дека Емина ги „украла“ симпатиите од публиката, како во Турција, така и низ цела Европа, што не одговарало на суетата на Мустафа.

Каде и да одевме, луѓето ми приоѓаа барајќи автограм. Се сеќавам дека еднаш бевме во Милано и тие постојано ми приоѓаа да ми побараат автограм, а тие не знаеја ниту која сум, што го вознемируваше крајно. Едно време физички многу личев на Пенелопе Круз, откри пејачката.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















