Леа Паркер од Лондон вели дека е горда што на 25 години има “најголеми гради” во Велика Британија и дека заработува преку 10.000 фунти на моделинг токму поради нив.
Иако ги сака своите големи гради, и ги прифаќа како дел од себе, Леа сепак се жали дека секојдневнието и е отежнато.
Наведува дека не може да го дофати воланот, да трча, дека мора да спие со перница на стомакот.

Исто така вели дека некои мажи и даваат негативни коментари и дека “нејзината мајка би требало да се срами”, пренесува “Mirror”.
Но, Леа, не дозволува коментарите да ја премислат, бидејќи е горда на своето тело и од него одлично заработува.

“Имав пет зафати, првиот го платив сама”, наведува Леа, која е висока околу 160 центиметри.
Леа вели дека отсекогаш имала големи гради, и дека тоа и пречело кога била тинејџерка, но дека сега во целост ги прифатила.

“Мажите во мојата индустрија ги обожуваат, и големите гради станаа дел од мојот бренд”, вели таа.
Вели дека има болки во грбот и рамената и дека оди во теретана за да остане силна, но и дека ќе оди на операција за намалување на градите кога ќе престане да се занимава со моделинг.


















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)




















