Двајца мажи се уапсени во Велика Британија бидејќи испраќале сомнителни пакети со течности во болниците низ земјата, соопшти полицијата. Не е јасно за какви течности станува збор, но се наведува дека во пакетите досега не е најдено ништо опасно, пренесува Ројтерс.
„Припадниците на антитерористичката полција уапсиле 29 годишен маж од Бент, северозападно од Лондон и 37 годишен маж од Хароуз, во областа Мидлсекс, во согласност со Законот за злонамерни комуникации“ се наведува во соопштението.
Осомничените во меѓувреме се ослободени со кауција, а истрагата продолжува.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















