Скопските пожарникари доцна синоќа интервенирале во Бутел каде на паркинг за камиони биле опожарени четири товарни возила.
На Фејсбук, пожарникарите напишаа и дека со брзата реакција е спремено палење и на други камиони и приколки.

-Интервенција на паркинг за камиони во н.Бутел. Запалени 4 товарни возила марка Волво. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани Камиони и Приколки. Пожарот е под контрола се работи на негово догасување, стои во објавата на Фејсбук напишана по полноќ

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















