Џорџина во бикини му седна на Роналдо во скут, а тој се потпре на нејзините бујни гради (фото)

760

Свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина, е постојано активна на социјалната мрежа Инстаграм, но кога тој че објави заеднички моменти, тогаш настанува вистински хаос меѓу следбениците.

Еден од најдобрите фудбалери на светот објави нова заедничка фотографија и за помалку од половина час собра над 2 и пол милиони лајкови.

И не е ни чудно, затоа што на споменатата социјална мрежа го следат 235 милони луѓе.
Станува збор за интимен момент од нивниот одмор.

„Среќен сум што можам да ги споделам овие прекрасни моменти со вас“ – напишал португалскиот ас.

На фотографијата од годишниот одмор тие двајца изгледаат навистина заљубено, уживаат на јахта на која што се наоѓаат.

За потсетување, Кристијано Роналдо заминал на одмор порано отколку што очекувал, затоа што веднаш по завршувањето на Серија А со Јувентус беше елиминиран во осмина финалето на Лига на шампионите од Лион.