Рада Манојловиќ веќе подолго време се одмара во родното село Четереж бидејќи поради пандемијата со короната и се откажени сите настапи.
Меѓутоа, на пејачката изгледа и пречи што нејзините колеги често „кукаат“ дека немаат работа.
Како што вели, таа ги разбира колегите и нивната ситуација, но не сака да се жали и да биде „трн во око“ на веќе намачениот народ.
Не се пронаоѓам во приказните на колегите за финасиските проблеми, но ќе го кажам својот став. Народот е бесен и на тоа има потполно право ако се земе во предвид што му се случува со децении и што навистина е естрадата. Има преку 30.000 музичари, клавијатуристи, тапанари, гитаристи и они кои вежбаат и учат цел живот, оние кои вложиле многу во своите инструменти и кои од таа работа ги издржуваат семејствата. Тие луѓе сега немаат ништо“, вели пејачката и додава:
Воспитана сум да се ставам на местото на другите и на тој начин да бидам поблиску до проблемите кои ги имаат. Многумина со години учат за други професии, вложуваа се што имаат и на крајот не работат по стурка. Многу инжињери и професори возат такси, а тоа е главниот извор за незадоволството на луѓето. Не може да живеат од работата за која имаат завршено факултет. Да можат, естрадата нема да им биде проблем“, вели пејачката која за разлика од колегите не сака да се жали.