Кој ќе преживее, ќе прераскажува: По доаѓањето на Пирло, 10 фудбалери на Јуве пред „отстрел“

518

Како изненадување дојде назначувањето на Андреа Пирло како нов предводник на „старата дама“ од Торино.

По неуспехот во ЛШ, сметката ја плати Маурицио Сари, на кого оваа сезона му беше поверена европската сцена, односно задолжителен успех, во кој тој и Јуве капитулираа пред еден ден, па мораше да добие отказ.

Со доаѓањето на Пирло, веројатно ќе се смени филозофијата и концепцијата на клубот уште во првата сезона, бидејки како што најави Газета, дури 10 фудбалери ќе го напуштат Јувентус ова лето.

Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Блес Матуиди, Даглас Коста, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матиа Де Шиљо, Даниеле Ругани, Алекс Сандро и Данило, биле играчите кои се на продажба.

Тоа е цел еден комплетен тим, а доколку поголем дел од овие бидат продадени, Јувентус и управата на клубот ќе имат полни раце работа, да создадат драстично поразличен тим од овој сезонава, кој на европска сцена и не задоволи.