10-годишно момче се здобило со повреди на главата и градите откако било нападнато од страна на ајкула која го повлекла од чамецот на северозападот од брегот на Тасманија.
Момчето било со својот татко и уште две лица на риболов кога ајкулата скокнала од водата и го зграпчила од чамецот долг шест метри, соопштија од Итната служба на Тасманија.
Таткото веднаш скокнал во водата, по што ајкулата го испуштила момчето, а потоа и побегнала.
Детето во моментот на нападот на себе имало заштитен елек и се здобило со повреди на рацете, градите и главата, но се наоѓа во стабилна состојба.
Ова е последниот во низата на напади на ајкули во близина на брегот на Австралија. Претходниот се случи во вторникот кога 29-годишна девојка била нападната од ајкула додека пливала недалеку од Кернс. За среќа преживеала и моментално се опоравува во болница.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















