Веќе неколку месеци кружат гласини дека холивудската легенда Бред Пит е во врска со колешката Алија Шокат, а сега таа реши да открие каков е навистина нивниот однос.
Американската актерка и уметница Алија Шокат (31) конечно ја отвори душата и проговори за односот со холивудскиот актер Бред Пит, со кого ја поврзуваат во последите неколку месеци.
Алија неодамна во интервју за „Vulture” признала дали е во врска со Пит.
Не сме пар, ние сме само пријатели”, открила актерката и додала дека не ѝ се допаѓа тоа што постојано е следена од страна на папараци.
Сето ова ми е премногу. Имам чувство како да стојам гола во училишен ходник и сите гледаат во мене”.
Шокат истакнала и дека се дружела со Бред Пит и за време на карантинот, но помеѓу нив нема ништо друго освен пријателство и не развиле никакви емоции во љубовна смисла.

Извор близок до нив рекол дека Бред и Алија често се дружат бидејќи живеат близу еден до друг, како и дека се запознале преку заеднички пријател и веднаш се зближиле како пријатели.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















