Новинарката, музичка критичарка и публицист Бранка Костиќ Марковиќ, пред повеќе од една недела објави дека е позитивна на коронавирусот и моментално се наоѓа во домашна изолација.
Таа сега објави и емотивна фотографија на својот Фејсбук профил на која се гледа нејзината мајка како седи пред нејзиниот дом и преку прозорец разговара со неа.
“Мајка”, кратко и јасно напишала Бранка под фотографијата која масовно се споделува на социјалните мрежи.
“Мајка ми и татко ми доаѓаат наизменично секој ден до мојот дом и преку прозорецот сакаат да ме видат и така лично да се уверат дека сум добро, без разлика што постојано се слушаме преку телефон или, пак, ме гледаат преку видео повик на Вибер. Мајка ми поседе 15-тина минути пред прозорецот на мојот дом. Се увери дека сум добро”, вели Бранка за “Досие”.
Таа секојдневно ги известува своите следбеници на социјалните мрежи за нејзината здравствена состојба и споделува информации како го издржува фактот што е позитивна на коронавирусот и што е во домашна изолација.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















