Ако имате бемка на некое од овие места, ќе ве следи среќа во животот

5405

Поаѓајќи од принципите на древните култури кои проучуваат различни сегменти на животот, а со тоа и бемките на телото, тешко е да се заобиколи хиндуизмот. Се верува дека бемките на одреден дел од телото означуваат некаква состојба или уште подобро, благосостојба во иднина. Големината, формата и бојата на бемките исто така имаат влијание врз античкото читање на нивното значење, а интересно е и ведското толкување. Според Ведите, ова се 12-те места каде што е добро да имате бемка затоа што таа претставува богатство, поседување поголема сума пари, како и можност за чести прекуокеански патувања.

1. Бемка на десниот образ
Личноста која има бемка на образот ќе стекне големо богатство многу брзо по својата свадба.

2. Бемка над усните
Луѓето што имаат бемка над усните се упорни и тврдоглави и ја постигнуваат својата цел полесно и затоа се збогатуваат многу побрзо од другите луѓе.

3. Бемка на носот
Ако бемката е на носот или веднаш до него, постои голема веројатност дека личноста ќе биде богат човек. Луѓето со бенка на носот ќе доживеат успех, здравје и напредок во кариерата.

4. Бемка на петата
Ретко некој да има бемка на петата, но луѓето кои ги имаат се склони кон чести патувања. Почесто во близина на својот роден град, но патувањето е патување, нели? Сепак, ни патувањата преку океанот не се реткост за овие личности.

5. Бемка на струкот
Ваква софистицирана бемка имаат луѓето што се навистина посебни. Иако сопствениците на бемки на струкот се чувствуваат незадоволно и немирно поголемиот дел од својот живот затоа што секогаш се стремат за нешто повеќе, истите тие луѓе честопати ќе бидат многу успешни и ќе постигнат многу.

6. Бемка помеѓу очите
Таканареченото „трето око“ означува богатство и задоволство. Исто така, луѓето што имаат бемка помеѓу и над очите ќе патуваат многу во животот.

7. Бемка на десната дланка
Ако сте едни од оние што имаат бемка на десната дланка, ќе го вкусите богатството на животот. Сепак, важно е и каде се наоѓа бенката. Ако се наоѓа на горната половина на дланката, лесно ќе стигнете до богатството, а ако се наоѓа на долниот дел на дланката, ќе треба да работите малку понапорно, но ќе бидете успешни.

8. Бемка на брадата
И покрај фактот дека луѓето кои имаат бемка на својата брада не се склони кон социјализација и дружење со голем број луѓе, сепак, тие ќе бидат многу среќни и ќе имаат избалансиран живот.

9. Бемка на папокот
Овие луѓе се вистински среќници затоа што ќе го поминат животот на полесен начин и лесно ќе стигнат до важните работи. Сопствениците на овие бемки се многу рационални во трошењето, освен кога станува збор за храната бидејќи се вистински хедонисти.

10. Бенка на десната страна на градите
Луѓето кои имаат бемка на ова место ќе уживаат во мирен живот со многу благодати.

11. Бемка во близина на увото или на десната страна на лицето
Без разлика дали бемката е блиску до увото или на работ на образот, сопствениците на таквата бемка ќе имаат исполнет и богат живот. Секако, услов е бенката да биде на десната страна на лицето.

12. Бемка на малиот прст
Не е важно дали бемката се наоѓа на малиот прст на десната или на левата рака, луѓето што имаат бенка на ова место едноставно ќе уживаат во животот и можеби ќе патуваат низ целиот свет.