Истражувањата покажуваат дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на човекот.
Научниците велат дека луѓето со крвна група А се помалку отпорни на маларија од останатите крвни групи, па може да се каже дека во тој контекст, оваа група е „послаба“ од другите. Но, која крвна група е најотпорна на болестите?
Со долгогодишните студии се востановило дека крвната група која има најсилен отпор е нулта крвната група. Докажано е дека кај луѓето со оваа група постои помал ризик од кардиоваскуларни болести, меѓу кои и мозочниот и срцев удар, имаат помали проблеми со помнењето и концентрацијата и поретко заболуваат од одредени типови канцерогени нарушувања.
Поради тоа што нивниот организам е поотпорен на повеќето болести, луѓето со крвна група 0 живеат најдолго. Една од досега пронајдените причини зошто нулта крвната група е најотпорна е тоа што крвта од групата содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари најчесто се случуваат токму поради тоа.
Со тоа, она што е добро за срцето добро е и за мозокот, па многу ризични фактори за кардиоваскуларните и срцевите заболувања се воедно и ризик за појава на разни психички нарушувања. На пример, познато е дека високиот лош холестерол и дијабетесот, кои предизвикуваат разни физички болести, се поврзуваат и со деменцијата и Алцхајмеровата болест.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











