Четири успешни приказни со пораки за безбедност на работното место – Заштитата е на прво место!

598

Имајќи го предвид фактот дека од година во година професионалните повреди на работното место се случуваат во земјава без тенденција во опаѓање, Македонското здружение за заштита при работа постојано организира кампањи за подигнување на свеста, насочена кон фокусирање на меѓународното внимание на големината на проблемот и на тоа како промовирање и создавање на култура за безбедност и здравје може да помогне во намалување на бројот на смртни случаи и повреди поврзани со работата.

Во последната од низата кампањи, активно учество земаа и неколку истакнати имиња од домашната јавна сцена кои од своја перспектива зборуваа за значењето на безбедноста на работното место. Сите беа согласни во тоа дека секој од нас е одговорен за стопирање на смртни случаи и повреди на работа.

Сигурни сме дека приказните на Драгана Чифлиганец – извршен директор на „Адора Инжињеринг“, актерите Васил Зафирчев и Драгана Левенска и пилотката Стефанија Димеска дополнително ќе ве инспирираат и ќе ја подигнат свеста за заштитата на работното место која што е загарантирана со закон. Во продолжение во видеата слушнете ги нивните пораки…

 

Инаку, Македонското здружение за заштита при работа кое што стои зад оваа кампања годинава одбележува 50 години постоење и успешна работа.