Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон денеска најави дека следната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нема да се случи годинава, туку на почетокот на 2019 година. Причината за ова, рече Болтон, е тоа што Трамп сака да почека да помине хистеријата околу руското мешање во претседателските избори од 2016 година пред повторно да се сретне со Путин.
– Претседателот смета дека следната билатерална средба со претседателот Путин треба да се случи откако ќе заврши овој руски лов на вештерки, и се согласивме дека тоа ќе биде по почетокот на годината, изјави Болтон.
Политичките противници на Трамп бурно реагираа по самитот во Хелсинки, откако Трамп изрази сомнеж дека Русија навистина се мешала во изборите. По враќањето во Вашингтон, Трамп даде изјава во која го повлече кажаното во Хелсинки и изрази доверба во американските разузнавачки служби и нивните сознанија за руското мешање









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











